Тајландскиот премиер остави картон со неговиот лик за да одговора на новинарските прашања

„Чао, чао, тој ќе ви одговори на прашањата“, рече тајландскиот премиер и си замина мавтајќи со раката кон новинарите, кои чекаа да му постават прашања. Премиерот воведе нов пристап за одбегнување на прашања за време на прес-конференција, така што остави картон со неговиот лик да ја заврши работата.

Прајут Чан-оча имаше кратко обраќање пред владината куќа во Бангкок, пред да му ја донесат картонската реплика од него.

„Ако сакате да поставете какво било прашање за политика или конфликт, прашајте го овој човек“, рече Прајут.

Прајут предводеше воен пуч во 2014 година, по што една година подоцна беше именуван за премиер.

Владата вети дека ќе одржи национални избори, но тие постојано беа повлекувани.

Премиерот им се обраќал на тајландските семејства и репортерите вчера, во пресрет на Светскиот ден на децата.

Тајландскиот сервис на BBC извести дека картонот најверојатно бил претставен на настан во сабота, каде деца имале имаат пристап до официјалната резиденција и канцеларијата на премиерот.

Новинарите сакале да му постават прашања за изборите, за насилството на југ и за законите со кои голем број граѓани се затворени поради навреда на монархијата.

Но, наместо тоа, публиката била оставена само со опцијата да се слика со картонот со ликот на Прајат, на кој тој е претставен како се ракува.

Сепак, премиерот се обратил пред насобраните деца внатре во резиденцијата, каде рекол дека е важно „младите луѓе да се ангажираат со потенцијалот за да се во тек со демократијата на 21 век“.

Тој исто така изјавил дека „Тајланд не треба да се плаши од политиката“ и дека треба да „создаде нова генерација на политика“.

Многу студенти кои протестираат против раководството на војската се уапсени или затворени во последниве години.