Потребна е итна акција за контрола на електронските цигари за да се заштитат децата и непушачите и да се намали здравствената штета на популацијата, предупредува Светската здравствена организација.
Електронските цигари како производи за широка потрошувачка се покажаа како неефективни за откажување од пушењето тутун на ниво на население. Наместо тоа, се појавија алармантни докази за негативните ефекти на здравјето на популацијата.
Електорнските цигари се дозволени на отворениот пазар и агресивно им се пласираат на младите луѓе. Триесет и четири држави веќе ја забрануваат продажбата, додека 88 немаат одредено минимална возраст во која може да се купат електронските цигари, а во 74 држави нема регулација за овие штетни производи.
„Децата се регрутираат и се заробуваат на рана возраст да користат електронски цигари и тоа може да ги навлече на никотин. Ги повикувам земјите да имплементираат строги мерки за да го спречат промовирањето на ваквите производи, со цел да ги заштитат нивните граѓани, особено децата и младите луѓе“, изјави д-р Аданом Гебрејесус, генералниот директот на СЗО.
Во сите региони на СЗО стапките на деца на возраст од 13 до 15 години кои користат електронски цигари се повисоки од оние на возрасни луѓе. Во Канада стапките на употреба на деца кои се на возраст од 16 до 19 години се дуплирале во периодот меѓу 2017 и 2022 година, а во Англија бројот на млади корисници е трипати зголемен во последните три години.
Во соопштението на СЗО стои дека дури и кратка изложеност на содржина која промовира електронски цигари на социјалните мрежи може да се поврзе со зголемената намера за користење на овие производи како и зголемени позитивни ставови кон електронските цигари. Истовремено, студии постојано покажуваат дека младите луѓе кои користат електронски цигари имаат речиси три пати поголема шанса да пушат цигари подоцна во животот.
СЗО препорачува земјите кои ја забрануваат продажбата на електронски цигари да го зајакнат спроведувањето на забраната и да продолжат со мониторинг и надзор за поддршка на јавното здравје и да се осигураат дека мерките ќе се спроведат. Исто така, за државите кои забрануваат рекламирање на овие производи, Светската здравствена организација препорачува да се осигураат во строги регулации за да се намали нивната привлечност и штета на населението, вклучително и да ги забранат сите вкусови, ограничувајќи ги на концентрацијата и квалитетот на никотинот и да ги оданочуваат.
Во Македонија се’ уште не се регулира продажбата на електронски цигари, па пристап до нив имаат млади луѓе од сите возрасти.
Вејповите за еднократна употреба сѐ подостапни, но тешко се рециклираат