Судбоносниот часовник поблиску за 30 секунди до нуклеарна катастрофа

Часовникот, кој истражувачи и научници го користат за симболично да го претставува крајот на светот, е се поблиску до „полноќ“ поради зголемената опасност од нуклеарна војна.

Како што соопшти Рејчел Бронсон, од Билтенот на нуклеарни научници, одлуката за поместување 30 секунди поблиску до крајот на светот е донесена поради непредвидливоста на претседателот на САД, Доналд Трамп, нуклеарните проби на Северна Кореја, тензиите меѓу Кина, Пакистан и Индија.

Часовникот покажува две минути до полноќ, што е најблиско што некогаш бил. Исто толку покажувал и во 1953 година, по тестирањето на хидрогенските бомби на САД.

Часовникот го смислиле група научници од Билтенот на атомски истражувачи во 1947 година кога бил поставен на седум минути до 12.

Низ годините, часовникот се поместувал понапред и поназад, а во најпозитивна позиција бил во 1991 година кога бил на 17 минути до полноќ.

Претходното поместување беше лани во јануари, кога научниците го поместија часовникот на 2 и пол минути.