Студентите од ФДУ наградени за најдобра претстава во Хрватска

Студенти од трета година на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на професорката Мими Таневска со претставата „Ревизор“ освоија награда за најдобра претстава на фестивалот на театарските академии „Диониз“ во Ѓаково, Хрватска.

На фестивалот, што го организира Уметничката академија од Осиек, учествувале и студенти од академии од Загреб, Сплит, Австрија, Германија и Романија. Неговите иницијатори сакаат да го афирмираат театарот, а заговараат заиграност, инвентивност, комуникативност и отвореност на театарскиот чин.

Целта на фестивалот кој се организира од 2008 година е театарот да излезе од затворениот академски простор, поврзување на регионот со други европски региони, како и можност на младите луѓе да се запознаат со работата на другите академии, но и да се презентираат пред јавноста.