„Стоп за извршителите“ – нов протест на 3 декември пред Министерство за правда

Иницијативата „Стоп за извршители“ по трет пат на 3 декември (вторник) од 11:30 часот повторно најавува протестен собир пред Министерството за правда, каде ги повикува граѓаните да се појават со рачно напишани поплаки и фотокопии од предметите.

Од иницијативата велат дека поплаките против извршителите и законот за извршување е неопходна за да може да се постигне дел од целта.

„Личното присуство е неопходно за да алармираме за невидениот и нечуениот грабеж во историјата на Македонија“, стои во повикот на „Стоп за извршители“.

На претходниот протест од иницијативата изјавија дека се револтирани од работата на извршителите и одново побараа да се исполнат нивните барања, како запирање на блокирањето на сметките, ограничување на времетраењето на наплата на долгот и регулирање на застареноста на долговите.

„Да престане блокирањето на сметките, тоа е член во Законот за платен промет, под кое нема директна ингeренција Министерството за правда, да има ингеренција целата влада, значи Mинистерството за финансии. Tој член каде што на извршителите им се овозможува да блокираат сметка во банка е нечовечки, нехуман и се коси со Универзалната декларацијата за човекови права“, рекоа меѓудругото од иницијативата.