[Став] Што да направите ако се најдете во ситуација да треба да пружите прва помош?

На 10 септември под мотото „Доживотна прва помош“ се одбележа овогодишниот Светски ден на првата помош, настан кој го одбележува Меѓународната федерација на здруженијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Светскиот ден на првата помош се одбележува ширум светот секоја година во втората сабота во месец септември. На овој ден повеќе од 100 национални друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина низ целиот свет организираат настани и активности со цел подигнување на јавната свест за пружање на прва помош и спасување на животи во секојдневни и кризни ситуации, како и промовирање и застапување на заложбите за поседување на знаење и вештини за укажување на првата помош кај пошироката јавност.

Инспирирана од овој меѓународен ден, ученичката во Средното општинско медицинско училиште „Гостивар“, Даница Среткоска, ни испрати неколку совети за тоа што може да направите доколку се најдете во ситуација да треба да пружите прва помош.

Нејзиниот текст го објавуваме во продолжение:

Пишува: Даница Среткоска, ученичка во СОМУ „Гостивар”

Прва помош е состојба на пружање помош на луѓето при несреќен случај или ситуација опасна по живот (сообраќајна несреќа, пожар, земјотрес, несвестица и сл.).

Секој може да се најде во улога на “спасувач” кој пружа прва помош за која не се потребни лекови или некакви медицински помагала, доволно е да го одржиме човекот во живот додека да добиеме медицинска помош.

Примарните цели на Првата помош се: одржување на виталните знаци, да се спречи влошување на состојбата на болниот/повредениот, како и, олеснување во закрепнувањето на личноста.

Во случај да се најдете во ситуација да треба да пружите прва помош, ќе ви објаснам некои постапки кои ќе ви бидат од корист:

  1. Заштита: воспоставување безбедна средина преку идентификување на можните опасности на местото на настанот (ако е можно урнатото возило да се однесе на безбедно место или да се исклучи контактот на истото, местото на несреќата да биде видливо обележано, љубопитните лица треба да се оддалечат од местото на настанот, во случај на присуство на гас да се преземат мерки за да не дојде до труење, да се допре вентилот на плинска боца, да не се користат предмети што предизвикуваат искри…);
  2. Известување (во најкраток можен рок да се викне брза помош, при што треба да дадете информации за тоа кој се јавува, точната адреса на местото на настанот, да се опише инцидентот, бројот на болни или повредени, нивната состојба и каква помош добиле);
  3. Спасување: ако сакаме да го спасиме пациентот/ранетиот, тоа треба да го направиме брзо, а воедно да бидеме соземени. Првата помош треба да се даде во зависност од проценката на состојбата, доколку во околината нема опасност по живото на пациентот (ако нема пожар или опасност од експлозија), не го поместувајте пациентот/ранетиот.

“Спасувачот” кој може да ја изведе брзата помош треба да ја процени состојбата на повредениот/болниот (и ако истиот е во свесна состојба, да го смири), да ги организира луѓето кои сакаат да помогнат, да го сопре крварењето доколку е присутно (со материјал да притиска врз раната), да го спречи повредениот/болниот да се мрда од местото…

Доколку имаме застој во дишењето на повредениот/пациентот треба веднаш да се започне со вештачко дишење затоа што по некоја минута може да дојде до запирање на срцето (поради недостаток на кислород).

За да пружиме основна животна поддршка, треба да овозможиме “немедицински” интервенции (без никакви медицински помагала), кои се прават со цел да се обезбеди кислород до белите дробови (со вештачко дишење) и да се испумпа крв до срцето (со надворешна масажа на срцето).

За да го изведеме ова, потребно е повредениот/болниот да го поптреме/легнеме на цврста подлога (најчесто на земја), потоа, веднаш до него ние да клекнеме на колена, да ја примениме техниката гледај-слушај-чувствувај. Потоа, со двете дланки (една врз друга), правиме 30 компресии на средината на градите (тоа се нарекува надворешна масажа на срцето), потоа правиме две вдишувања со една пауза во времетрање од една секунда (вештачко дишење), се’ додека повредениот/пациентот не покаже знаци на живот…

…Благодарение на првата помош ние можеме да спасиме нечиј живот што воопшто не е мала работа, а тајната е, да веруваме во себе дека можеме тоа да го направиме, да бидеме малку похрабри и да тргнеме во акција.