Црвен крст отвори Центар за прва психолошка и психосоцијална поддршка на граѓаните

Во рамките на организацијата „Црвен крст“ денес беше отворен Центар за прва психолошка и психосоцијална поддршка на граѓаните.

Центарот претставува системски модел за давање на прва психолошка помош во услови на криза и во мирнодопски услови.

Преку разговори со психолог или психијатар, граѓаните ќе можат да се консултираат со професионалци околу тагата истоштеноста, депресијата и сите форми на стрес што ги предизвикала пандемијата од КОВИД-19.

Саит Саити, генералниот секретар на Црвениот крст истакна  дека здравјето е состојба на целосна физичка, ментална и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест и истоштеност.

„Многу често, менталното здравје го запоставуваме и не го гледаме како приоритет. Црвениот крст преку своето делување нуди поддршка во форма на хуманитарна помош, засолништа и здравствен заштита, но и прва психолошка помош и психосоцијалн поддршка. Тоа претставува интегрален дел од Црвениот крст со цел да им се поогне на луѓето и заедницата да се опорават од последиците и да се обноват социјалните структури во определена кризна состојба“, изјави Саит Саити, генералниот секретар на Црвениот крст.

На отворањето на Центарот присуствуваа министерот за здравство Венко Филипче, сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска, заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусеини, претставник од МОН и генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити.