[Став] Основно примање за сите? Да, Финска покажува дека е можно

Марк Закерберг, Берни Сандерс и Елон Маск ја поддржуваат идејата. А, тестирањата покажуваат дека може да ги ослободи невработените луѓе од живот поминат во срам.

Во мало селце длабоко во руралната област во Финска, еден човек добива пари за ништо. Секој месец, речиси 560 евра се префрлени на неговата банковна сметка, без никаква обврска. Парите се негови да ги употреби за што и да сака. Кој користи од ова? Владата во Хелсинки. Звучи како вовед во некој трилер или реално телевизиско шоу. Но, приказната на Џуха Џарвинен е повеќе од возбудлива. Тој е човек-лабораториски стаорец во експеримент кој може да помогне да се оформи иднината на Западот.

Минатиот Божиќ, Џарвинен беше избран од државата како едно од 2.000 невработени лица за тестирање на програмата за универзално основно примање. Можеби сте слушнале за оваа политика на буквално давање пари на луѓето за ништо. Тоа е идеја која ги фасцинира и радикалните левичари – Џон МекДонел и Берни Сандерс, но и плутократите на Силиконската Долина како Марк Закерберг и Елон Маск. Во големата пропаст која следеше после падот на банките, ова е една од малкуте алтернативи кои се предложени, а не изгледа рециклирано.

Сепак, речиси никој не знае како тоа навистина ќе изгледа. Финска е првата држава во Европа која ја спроведува оваа пилот-програма. Не се работи за идејата за основно примање која ја имаат пуристите – дека сите, дури и милијардерите, треба да добиваат месечна сума. Ниту пак Финска ќе објави резултати додека не заврши двегодишниот пилот на крајот од 2018 година. Во меѓувреме, зависиме од сведочењето на учесниците како Џарвинен. Затоа, одлетав до Хелсинки, па возев пет часа за да го сретнам.

Прашајте го Џарвинен што парите му промениле во животот, и нема да престане да набројува. Внатре има опрема за снимање филм, табла на која има начкртано планови за поартистична верзија на Airbnb, и цела мала соба во која изработува шамански тапани кои ги продава за 900 евра по парче. Сето ова, додека помага во одгледувањето на шест деца. Сите бесплатни евра кои му ги дале, го натерале да работи повеќе од кога и да било.

Ништо од ова немало да биде можно, доколку не го добиел универзалното основно примање. До оваа година, Џарвинен живеел од трошки. Финската агенција за вработување секогаш се трудела да му најде работа или тренинзи. Идеите излегувале од Џарвинен како вода од чешма, сепак не може да ги реализира поради неговиот страв од бирократија.

Во еден многу зборуван случај минатата година, невработен Финец по име Кристијан, изработувал дрвени трзалици за гитара. Повеќе било хоби отколку бизнис, а заработувал нешто повеќе од 2.000 евра годишно. Но, не била сумата тоа што ги изнервирало властите, туку дека времето кое го вложил во длабење на дрвени трзалици, можел да го потроши на работа.

Таков бил случајот и со Џарвинен, до оваа година. Бил заробен во „засрамувачки“ систем кој му давал доволно колку да се прехрани самиот, одбивајќи да му понуди барем трошка надеж дека ќе биде остварен.

Што е заслужно за неговата промена? Сигурно не парите од државата. Во Финска, 560 евра се помалку од петтина просечна плата на вработен во приватниот сектор.

„Треба да бидете магионичар за да преживеете со толку пари“, вели Џарвинен. Без срам се опишува себеси како сиромашен.

Неговото ослободување дошло од недостатокот од услови за да ги добие парите. Бидејќи не морал да исполнува посебни услови, имал слобода да го работи тоа што му е значајно.

Звучи едноставно. И е едноставно. Ова основно примање го воведе централно-десничарската влада која воведува своја верзија на штедење, како големи кратења од буџетите на пензиските фондови и училиштата.

Го посетив финскиот еквивалент на Иан Данкан Смит, министерка за социјални работи, Пирко Матила. Неодамнешна „бегалка“ од популистичката партија Вистински Финци, таа нема никакви хипи тенденции. Сепак, искрено е зачудена дека е можно да има политички отпор за делење на сиромашните пари за да седат дома. „Јас лично верувам дека финските граѓани навистина сакаат да работат“, вели таа.

Оваа политика покажува колку се поразлични британските социјални политики за разлика од остатокот на Европа. Обвинете го системот на штедење на Ториевците, или социјалните правила на Новите Лабуристи – но, завршивме со систем кој пати од две отровни убедувања.

Прво, дека сиромаштијата е производ на личниот морален неуспех. За поранешниот канцелар Џорџ Озборн, се работеше за мрзи наспроти вредни. За Иан Данкан Смит, сиромаштијата е скапаното овошје на расипаните семејства, зависностите или долговите. Ниту еден човек, ниту еден член на неговата партија, не може да прифати дека нивните колеги-десничари во Финска сметаат дека сиромаштијата е само недостаток на пари.

Оттаму произлегува и втората глупава британска идеја: дека социјалната безбедност не е безбедноста мрежа за сите, туку систем на тријажа за мрзеливите и грешните на самото дно.

Да се третираат сиромашните како идни криминалци, ја прави социјалната помош еднаква на системот на кривичното право. Тоа значи дека ги правите луѓето на умирање способни за работа, или луѓето со недостаток кои живеат во страв погодни за тестирања за работа нивното наредно тестирање. Невработените се санкционираат без никаква причина.

Сето тоа е речиси бескорисно. Бирократијата и трошоците се расфрлени насекаде, од Националниот здравствен систем, до локалните совети и бироата за совети на граѓаните. Владата, според своите проценки, не успеа да направи фракција од предложените заштеди за да ги реформира социјалните служби. Помислете на сите оние обични луѓе чии животи се уништени, а едвај успеваат да заштедат и пени.

Ако беше тоа филозофијата на Финците, никогаш немаше да го спроведат овој експеримент, а Џарвинен немаше да смислува десетици начини да заработи.

Одете во Финска да најдете одговори за универзалното основно примање. Но, бидете подготвени да се вратите со уште повеќе одговори за тоа зошто Британија ги злоупотребува своите сиромашни.

Адитија Чакраборти, колумнист на Гардијан и Вајс