Српскиот бенд „Тhere“ ќе одржи концерт во „Котур“

Кафе и филм „Котур“ на 30 ноември од 21:30 часот е домаќин на „Тhere.“, инструментален космички рок бенд од Србија.

Бендот е формиран во формиран 2012 година, а прв пат издаваат на компилацијата насловена „Balkan Under The Radar“ со нивната песна „Where the Magic Happens“.

„Првиот јавен настан е на ‘Nisvill Jazz Festival’ од каде и започнува нивната соработка со Радио Београд каде и се емитува нивното деби EP ‘Season 4’ кое подоцна ќе биде издадено од Black Planet Records. Промоцијата на ова EP бендот ја реализира со многу концерти низ Србија. Концертите се терен на кој ‘There’ брилираат со својата енергија и сонични пасажи кои ја избегнуваат традиционалната пост рок форма“, стои во најавата за концертот.

Првиот LP „Chasing the Basics“ го издаваат во 2015 година за издавачката куќа Rock Svirke records. Во моментов работат на нов експериментален албум преку кој ја одразуваат својата естетика како одметници на пост рокот.

Бендот го сочинуваат, Павле Диниќ – клавир, Лука Башиќ – тапани, Марко Митиќ – бас, Урош Костиќ – гитара.

Влезот за концертот е 150 денари.