Составот „Villagers of Ioannina City“ со концерт на 9 октомври во МКЦ

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во понеделник, 9 октомври, ќе се одржи концерт на „Villagers of Ioannina City“, како дел од нивната тура „Through space & time“.

Од МКЦ се убедени дека единствениот начин да се премости културолошки јаз, е преку користење на единствениот прифатлив јазик: музиката.

„Велат, ако си трпелив, и брегот ќе тргне кон тебе. Па така, имаме да го најавиме, тие би рекле фолк рок бенд, ние би рекле тешка психоделија: Villagers of Ioannina City во МКЦ“, соопштуваат од Центарот.

„Villagers of Ioannina City“ пред некое време ги објавија датумите за својата есенска 45 дневна турнеја која опфаќа и настапи во Осло, Манчестер, Хамбург, Мадрид… а токму нивна прва станица е МКЦ Скопје на 9 октомври.

„’Villagers of Ioannina City’ е фолк рок бенд од Јанина, Грција, формиран во 2007 година. Тие свират пост, стонер и психоделичен рок со голема доза грчка народна музика од регионот на Епир. Регионалната музичка традиција се карактеризира со полифонија, специфични ритми и мелодии и употреба на кларинет, кавал и гајда. Имаат настапувано на најголемите рок фестивали меѓу кои и HELLFEST! За прв пат во МКЦ Скопје!“, соопштуваат од Центарот.

Билети се достапни на следниот линк.