Со проекција на „Љубовни песни“ се отвора новата сезона на францускиот кино-клуб

Новата сезона на францускиот кино-клуб се отвора овој петок (24 февруари) во 18 часот во Кинотека на Македонија со проекцијата на филмот „Љубовни песни“.

Како што информира Францускиот институт во Скопје, се работи за филм, којшто во 2008 година ја доби наградата Цезар за најдобра музика и има 20 други различни номинации.

Познатиот француски неделник за млади „Лезенрок“ го оцени како „забавна музичка драма и еден весел, длабок филм за љубовта и отсуството“.