Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ вечерва започнува 8. МФФ „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу вечера официјално започнува 8. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“.

Проекцијата ќе биде во 20 часот во киното „Синеплекс“, а покрај тоа ќе има и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ.

Натпреварувачката програма на фестивалот предвидува проекција на осум филма од режисери од Бразил, Англија, Шпанија, Иран, Грузија, Македонија, Србија и Украина.

„Тие користат и класични и екпсериментални концепти, но „ѓаволот“ е меѓу дијалозите, онаму каде што навистина се случува филмот. Такви филмови ќе гледате на 8.МФФ Киненова, филмови што освојуваат, филмови што ќе се паметат“, изјави Гена Теодосиевска, уметнички директор на Фестивалот.

Целосната програма може да ја видите овде. Фестивалот ќе се одржува до 18 октомври.