Со македонски пасош без виза се патува во 112 држави

Со македонски пасош, жителите на Македонија можат без виза да патуваат во 112 држави во светот со што земјава се најде на 46 место на листата на Хенли Паспорт Индекс, според бројот на држави во кои може да се отпатува без виза.

Според овој индекс, Грција како најдобро рангирана земја во регионот е на седмото место, а нејзините граѓани слободно можат да патуваат во 171 земја. Словенија е на 11 место (167 земји), Бугарија е на 20 (156) Хрватска е на 21 место (155 држави), Србија е на 41. (119 држави). Зад Македонија се најдоа Црна Гора на 48 (110), БиХ на 51 место (105), Албанија е на 52. (100 држави). Најлошо рангирано е Косово, на 96. место со чиј пасош без визи се патува во само 38 земји.

Германците без виза можат да посетат 177 држави во светот, што ја прави Херманија прва на листата на Ханли паспорт Индексот и за 2018 година. На второ место е Сингапур (176 земји), а третото место го делат Данска, Финска, Франција, Италија, Јапонија, Норвешка, Шведска и Велика Британија, чии граѓани можат слободно да патуваат во 175 држави.

Најлошо рангиран е авганистанскиот пасош, чии државјани можат да патуваат без виза во само 24 земји.