Со книжевен портрет на Влада Урошевиќ започнуваат „Денови на македонската литература“ на УКИМ

Манифестацијата „Денови на македонската литература“ која се одржува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, свечено ќе биде отворена со книжевен портрет на академикот и писател Влада Урошевиќ.

Под модераторство на Иван Антоновски, асистент на Катедрата по македонска книжевност и култура, настанот ќе се одржи денес, на 25 мај, во Сала за состаноци во Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, со почеток во 11 часот.

На настанот, посетителите ќе може да го слушнат Урошевиќ, добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година и на наградата „Роман на годината“ за 2022 година,  со лична интерпретација на својата поезија.

Поздравна реч на настанот ќе биде професорката Кристина Николовска, додека со своја беседа ќе се претстави професорот Владимир Мартиновски, раководител на Катедрата за општа и компаративна книжевност, преку која ќе говори за творештвото на Урошевиќ.

Организатор на настанот е Катедрата за македонска книжевност и култура.