Со дискусија за збирката „Бизарни раскази“ во среда почнува летен книжевен клуб

Првиот книжевен разговор од серијата ќе се одржи во просториите на Europe House Skopje и на првата средба ќе се разговара за збирката „Бизарни раскази“ на полската писателка Олга Токарчук во превод на Лидија Танушевска и издаваштво на Антолог.

„Летното време е идеално за нови мисловни патувања и полнење на креативните батерии. Затоа го креиравме нашиот Book Club во кој ќе го започнеме разговорот околу книгите – но тој ќе води до подлабоки позначајни врски кои секогаш формираат доживотни пријателства.. По примерот на големите книжевни Европски метрополи – Париз, Берлин, Прага, Рим сакаме да создадеме патувачка машина која ќе не понесе на истражување на Европските земји и култури. Придружете ни се и откријте широк спектар на нови книги, нови автори, нови пријатели, запознајте се со авторите, со преведувачите и на крајот дознајте и нешто ново за себе“, се вели во најавата.

Мартиновски е професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Воедно тој е поет, раскажувач, есеист, теоретичар, преведувач и Амбасадор на „Вавилон“ наградата за Млад книжевен преведувач.

Следните средби се закажани за на 17 август (среда), разговор за книгата „Нешто ќе се случи, ќе видиш” од Христос Иконому  во превод на Петар Андоновски и издадена од издавач Или-или и за на 14 септември (среда) „Италијански приказни” од Итало Калвино, во превод на Радица Никодиновска и издадена од Три.

Во најавата стои дека поради ограничениот број на места, сите заинтересирани треба да го најават своето присуство на е-адресата: euinfo@euhouse.mk.