„Slowscapes 4“ – изложба за македонска еколошка мода и дизајн

По пауза од речиси две години, изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes” ќе се одржи во културно социјалниот простор „Центар- Јадро“. Изложбата ќе се отвори утре, 29 септември, a ќе трае до 3 октомври.

„Изложбата ќе даде приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практики што придонесуваат кон заштита на нашта средина и подобра иднина. Спортиставувајќи се на „брзата мода“ и прекумерното потрошување, изложбата ќе има за цел да ја едуцира и поддржи публиката да започне да консумира свесно и одговорно“, велат организаторите.

На изложбата ќе учествуваат брендовите и дизајнерите од „Лудус“, Марта Пејоска, „Волатајл“, „Армма“, Ксенија Котев, Нина Нине и „Кактус“.

Изложбата ќе се оддржи според актуелните протоколи за заштита од Ковид-19. Влезот ќе биде дозволен за лица што поседуваат сертификат за имунизација против САРС КОВ-2 или прележан Ковид-19 во последните 45 дена. Од организацијата известуваат дека во галеријата ќе биде дозволено присуство на вкупно 12 лица.