Следната деценија може да има лето без мраз на Арктикот, покажува ново истражување

Домот на поларните мечки, фоки и моржови до 2035 година би можел да се претвори во водна површина како последица од емисиите на фосилни горива, пишува Гардијан.

Арктиот би можел да има летни денови без морски мраз во текот на следната деценија поради емисиите од согорувањето на фосилните горива, покажува ново истражување.

Ова ќе го трансформира уникатното живеалиште на поларните мечки, фоки и моржови од „бел Арктик“ во „син Арктик“ во текот на летните месеци, велат научниците.

Наодите објавени во списанието „Nature Reviews Earth & Environment“ посочуваат ека првиот т.н. „ден без мраз“ на Арктикот може да се случи повеќе од 10 години порано отколку претходните предвидените датуми.

Авторите на студијата велат дека „септември без мраз“ може да се очекува меѓу 2035 и 2067 година. Одредувањето на точната година зависи од тоа колку брзо светот ќе ги намалува емисиите на фосилни горива.

До крајот на 21-от век, има потенцијал за креирање услови пределот да остане без мраз меѓу мај и јануари со високи емисии и меѓу август и октомври со ниски емисии.

Според Александра Јан, вонреден професор на Универзитетот во Колорадо и водечки автор на студијата, има потенцијал да се реши овој проблем.

„За разлика од ледената покривка во Гренланд на која ѝ се потребни илјадници години да се изгради, дури и ако го стопиме празот на Арктикот, доколку сфатиме како да го извлечеме јаглеродниот диоксид од атмосферата во иднина за да го намалиме затоплувањето, морскиот мраз може да се врати назад за една деценија“, изјави Јан.

Инаку, од овие промени нема да биде погоден само дивиот свет, туку и луѓето што живеат блиску до брегот. Морскиот мраз ги намалува ефектите на океанските бранови на брегот, што значи дека ако се истопи, брановите ќе станат посилни и поголеми и ќе предизвикаат поголема ерозија.