„Скопје Синема Сити“ на 17 и 18 јуни во Кинотека

На 17 и 18 јуни, во Кинотека на Македонија, ќе се организира 9-то издание на филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“.

Програмата ќе вклучува изложба на фотографии и филмска програма:

17 јуни
19:00 Групна изложба на музички фотографии „5х10“
20:00 Алелуја: Леонард Коен, патешествие, песната“

18 јуни
19:00 Леб и Сол: Вкусот на успехот
20:00 Изеди го тоа прашање: Френк Запа со свои зборови

Билети на билетарата на Кинотека.