Ник Кејв во фокусот на 8. издание на „Скопје Синема Сити“

Со изложба на фотографии од Ник Кејв на белградскиот фотограф Немања Ѓорѓевиќ започнува осмото издание на „Скопје Синема Сити“. Изложбата ќе се одржи на 29 јуни, во галеријата на КИЦ со почеток во 19 часот.

Фестивалот за музички документарни филмови, „Скопје Синема Сити“ ќе се отвори со проекција на документарниот филм „Ник Кејв: 20,000 денови на земјата“ во режија на Јан Форсајт и Џејн Полард на 30 јуни во летното кино „Мирно лето“ – Кинотека на Македонија.

Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура , Кинотеката, Културно информативниот центар, Здружение на Србите во Македонија „Спона“, а е во организација на здружението Номад-Арт.

Немања Ѓорѓевиќ