„Skopje Light Festival“ на 2 и 3 септември во Градски парк

Фестивалот на светлината „Skopje Light Festival“ ќе се одржува на 2 и 3 септември (петок и сабота) во скопскиот Градски парк со почеток од 20 часот, па се’ до полноќ.

Се работи за културно-општествен настан на кој уметниците преку најразлични светлосни инсталации, видеопроекции и светлосни перформанси им се промовираат на посетителите, кои пак ќе може да ја следат т.н. „светлосна патека“.

„Покрај светлосните инсталации и перформанси во нашата специјално дизајнирана ‘chill’ зона ќе можете да шизите на музиката од 6 домашни диџеи: Вишко, Бранчез, Маци Стојановиќ, Томи Бојаџи, Сашко Узун и Зоки Бејбе. Тие ќе ве однесат во една поинаква димензија на урбано, културно и модерно Скопје“, велат од Универзална сала, организаторите на фестивалот.