„Skopje drum fest“ во МКЦ

Второто изданние на првиот „драм“ фестивал „Skopje drum fest“ ќе се одржи во Младинскиот културен центар, оваа сабота, 30 октомври, со почеток во 19 часот.

На сцената во кино Фросина свои перформанси ќе имаат Мартина Баракоска, Дамјан Даневски, Младен Драговиќ, Несим Меџуни и Сашо Стојановски.

Работилници ќе одржат Виктор Филиповски, Иво Митковски, Милош Краљевски и Марко Ковачевиќ.

Билетите за фестивалот се достапни тука.

Фестивалот ќе биде спроведен согласно протоколот за реализирање на настани во затворен простор, билетите се строго ограничени и исклучиво за седење, а салата е соодветно приспособена за одржување на настан според сите мерки наведени во протоколот.

Задолжително е носење на маска, дезинфекција и одржување растојание во текот на целиот настан.