Сириски уметник ги наслика светските моќни лидери како бегалци

Инспириран од фотографиите на бегалците низ медиумите, сирискиот сликар Абдала Ал Омари реши да ја преврти приказната и да му прикаже на светот како моќните политичари би изгледале ако немаа толку среќа.

Тој првично ја започна серијата слики во Брисел во 2016 година, каде добил азил, а повторно ја почнал во Дубаи, каде ја завршил во јули, 2017 година.

Неговата идеја била да ја скрши сликата за силата. Во неговите слики е прикажан и претседателот Башар ал Асад.

„Дури ми беше жал за (мојата верзија на) Асад. Во овој универзум без гравитација, сè што можеме да одржиме е нашата ранливост. Овој невидлив ветер натежнува на нашите гради, но мистериозно нè враќа назад на нозе повторно. Се убедив себеси дека тоа е најсилното оружје што го поседува човештвото, посилно од патеката на моќни игри, бомби и дупки од куршуми во нашите колективни спомени. Ранливоста е подарок што сите ние треба да ја славиме“, вели сирискиот уметник.

Покрај Асад, во серијата слики се појавуваат поранешниот американски претседател Барак Обама и актуелниот, Доналд Трамп, како и рускиот претседател Владимир Путин и поранешните фрнацуски претседатели Саркози и Оланд. Можат да се забележат и ликовите на турскиот Реџеп Таип Ердоган, британскиот премиер Дејвид Камерон, германската канцеларка Ангела Меркел и египетскиот претседател Абдел Фата ел-Сиси.

„Лична желба ми беше да ги видам во чевлите на бегалците, на ранливи луѓе, да ги видам во нивната ранлива состојба бидејќи тие секогаш изгледаат совршено, божествено“, изјави Омари.