„Силата ЕУ младите“ и „Лабораториум“ вечерва прават зелена акција: Донеси цвеќенце – добиј маичка

Младинската платформа „Силата ЕУ младите“ и културниот центар „Лабораториум“ вечерва организираат промотивна музичка вечер каде посетителите ќе може да учествуваат во раззеленување и разубавување терасата на Лабораториум.

„Во духот на заедничка акција, дружење и креирање на нова зелена оаза на терасата на Лабораториум, ги повикуваме сите млади и ‘зелени’ да ни се придружат и донесат било каков тип на цвеќенце во саксија за раззеленување на овој убав простор. Со оваа колективна акција го поздравуваме скорото доаѓање на пролета и во духот на зелената агенда, уредуваме градина во која сите ќе може да уживаме. На првите 50 посетители кои ќе донесат цвеќе им подариме маички со дизајн на СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ. Поканети се сите кои сакаат да се забавуваат со добра музика и да учествуваат во креирањето на ново зелено и убаво урбано катче во градот“, се вели во најавата.

Вечерва пред присутните ќе се престави уште еден млад диџеј, Влашки, кој е дел од колективот MINT, со избор на квалитетна и современа македонска музика.