Фестивал „Поп култура“ на 17 февруари во „Лабораториум“

Во „Лабораторум“ во сабота, 17 февруари ќе се одржува „Поп култура“ – фестивал на современа македонска поп-хоп култура.

„Поп култура“ е дел од платформата „Силата ЕУ младите“.

„Поп култура  е фестивал на современата македонска поп музика, која произлезе од хип-коп движењето, како најраспространета и најпопуларна форма за израз на денешната младина. А нашата младина е модерна. И убава. И паметна. Тоа јасно ќе го демонстрираме во сабота на 17 фебруар, во ЕКЦ Лабораториум. Настап на кремот на актуелната домашна ПОП ХОП генерација: Young Dadi, Zee, Matej Foltz, Vanski, Dimchuga + специјалната гостинка од Србија, прекрасната Mlada Beba“, стои во најавата за настанот.

Организаторите велат дека „Поп култура“ наскоро ќе биде и винил.

Билети во претпродажба во „Лабораториум“, или онлајн преку овој ЛИНК.