[Галерија] Активистички акции на „Дуња“ во Скопје и Прилеп по повод 1 Мај

„Капитализмот мора да падне“, „Работничката борба нема граници“ и „Да дојде свет на игра, не работа“ се само дел од слоганите кои се најдоа на испишаните пароли и банери по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот.

Активистки и активисти од Социјалниот центар „Дуња“ направија активистички акции во јавниот простор, поточно Скопје и Прилеп, со цел да поткревање на свеста за состојбата на работничките права.

Во прилог погледнете ја галеријата од акциите.