Единаесетто издание ENGAGE на 24 септември во Куршумли Ан

Радио МОФ и МОФ Ве покануваат на единаесеттото издание на „ENGAGE“, единствениот настан во земјава посветен на социјален активизам.

Конференцијата ќе се одржи оваа сабота (24 септември) во 17 часот во прекрасната атмосфера во Куршумли Ан. Спој помеѓу традиционалното културно богатство и современото активистичко дејствување.

На „ENGAGE“ домашни и странски активисти ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со активизам, социјална промена, слобода на говор, животна средина и технологија. Освен инспиративните приказни и презентации, публиката ќе може да учествува во креативни работилници и да ги поддржи и се забавува со младите артисти учесници на Конференцијата.

Регистрацијата е веќе отворена и секој заинтересиран може да го пријави своето присуство преку следниов ЛИНК.

🎤[ENGAGE THE STAGE] – СЛУШАЈ шест домашни и меѓународни говорници кои ќе го пренесат нивното искуство на темите: технологија, животна средина, човекови права, граѓански иницијативи и новинарство.

🎨[ENGAGE THE WORKSHOPS] – УЧЕСТВУВАЈ во три креативни работилници за изработка на стикери, алки и уметност преку облека.

🎧[ENGAGE THE NIGHT] – ЗАБАВУВАЈ СЕ со четири диџеј настапи до полноќ.

Инаку, во изминатите 10 години „ENGAGE“ стана еден од најголемите собири за поединци и заедници во нашата земја. „ENGAGE“ ќе обезбеди едукација, интеракција и инспирација за индивидуи, групи и организации чија цел е да го подобрат општеството во кое живееме.

Конференцијата е поддржана од National Endowment for Democracy.

Следете не’ за да ги дознаете сите имиња на овогодинешните учесници на „ENGAGE“. Сите детали ќе бидат објавувани на сајтот на Радио МОФ, социјалните мрежи на медиумот и на МОФ, но и на веб-страницата на конференцијата www.engage.mk.