Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на ТОП 5 вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. Лесно се заборава на ветувањето за комунална полиција

Најавувана уште од 2018 година, комунална полиција на Град Скопје остана само на хартија. Предложениот текст за закон за комунална полиција заглави на линија Град Скопје-владини институции и по неуспешната партија пинг-понг, сега идејата чека подобри времиња и политичка волја. Истовремено, градските и општински инспекторати се согласни дека е потребен ваков орган, тврдејќи дека имаат малку луѓе и надлежности, а многу работа на терен со отпад, узурпирање и уништување јавен простор.

Лесно се заборава на ветувањето за комунална полиција

2. [Видео] Јасно и Гласно: Што направија независните советници откако влегоа во Советите

Поминаа шест месеци од локалните избори и откако во Советите влегоа повеќе независни советници. Граѓанските иницијативи тргнаа да прават промени, чекор напред кон локалната развојна демократија и проблемите на заедниците. Истовремено да им ја матат водата на партиите, чии активности некаде се покажаа како нефункционални, често со спреги и сплетки, инает кон опонентот или со неодржливи политики кон јавниот интерес.

Оттука, фокусот на оваа видео-дискусија „Јасно и гласно“ е што се случува откако независните советници почнаа со работа, на какви проблеми наидоа, што е направено и на што треба да се работи во иднина.

Зборувавме со Габриела Илиевска од иницијативата „Поинаку“ од Битола, Јана Белчева од „Шанса за Центар“ и Хамди Сулејмани од „Подобро за Тетово“.

[Видео] Јасно и Гласно: Што направија независните советници откако влегоа во Советите

3. [Став] Студентите сакаат електронски услуги наместо редици на факултетите

„Голем број на државни факултети во Македонија се уште се потпираат на застарени пракси на работа. За еден студент да се запише на факултет, да запише или завери семестар, да плати школарина, да пријави испит и разни други елементарни услуги на една високообразовна установа, треба да чека ред во студентската служба и да донесе се во ископирана верзија…“ – пишува во својата колумна Јоана Тренеска.

[Став] Студентите сакаат електронски услуги наместо редици на факултетите

4. Бронзен медал за македонски средношколец на Европската олимпијада по физика

Еден бронзен медал и две пофалници добија македонски средношколци на 6. Европска олимпијада по физика што се одржа во Љубљана, Словенија од 20 до 24 мај, информираше Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ).

Бронзен медал добил ученикот Јан Стојановски кој е втора година во приватното средно училиште „Јахја Кемал“ во Скопје, додека ученикот Мајкл Георгиевски кој е трета година во гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци и ученикот Матеј Јовчески кој е четврта година во средното училиште „Јахја Кемал“ во Скопје добија пофалници.

Бронзен медал за македонски средношколец на Европската олимпијада по физика

5. [Рецензија] Музички ритуал на „Dead can dance“ во Филхармонија

Во Филхармонија на 23 и 24 мај се случија два концерти на дуото Лиса Џерард и Брендан Пери – „Dead can dance“. Придружувани од својата банда инструменталисти, како дел од европската турнеја за 2022 година и во рамки од фестивалот „Таксират“, култното дуо ја однесе публиката на музички ритуал.

[Рецензија] Музички ритуал на „Dead can dance“ во Филхармонија