Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа работна недела, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на ТОП 5 вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

  1. Најновата деветта епизода од Инстант вести


2. Платнена торба, 15 денари за биоразградлива кеса или производите во раце

Од 1 декември граѓаните постепено ги менуваат своите навики при купување, бидејќи стапи на сила новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување. Па така, во случај да не понесете своја кеса или платнена торба при шопинг, ќе останете со производите во раце или ќе треба да платете 15 денари за биоразградлива кеса.

3. С. Македонија сè уште нема регулативи за дигиталното родово насилство

Истражувачките Неда Петковска и Васка Лешоска во соработка со Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство подготвија извештај на тема „За кого Интернетот е безбедно место?“

Петковска и Лешоска споделија дека судењето за „Јавна соба“ е кафкијански процес.

„Следевме што се случува досега на рочиштата. Нема одлука, повеќето рочишта се откажани или отсуствувал јавниот обвинител. Следното е закажано за 3 декември, требаше многу да копаме за да откриеме кога е закажано“, истакнаа тие.

4. [Подкаст] Мегафон: Што е заедничко за дезинформациите и тортата?

Дали денес ќе понесете чадор со себе или не, или како во иднина ќе гласате за локална и државна власт, може значително да зависи од фактот колку сте подлoжни на дезинформациите.

Преку интересна паралела помеѓу приготвување торта и создавање на една дезинформација, Александра Теменугова од Институтот за комуникациски студии објасни што значи овој феномен во медиумскиот свет и како тој може да влијае во општеството.

Слушнете го новиот Мегафон на Радио МОФ!

5. [Видео] Уметници во Струга нудат награда за собрани отпушоци

Уметница од Малта и уметник од Струга од ателјето Кандилка нудат награда, односно професионален портрет за собрани отпушоци со цел да ја одржат животната средина чиста. Со собраните отпушоци имаат намера да направат скулптура, па така, велат дека оваа награда ја комбинираат со светот на уметноста.

Покрај акцијата, уметниците имаат и два други слични проекти, односно награда за чиста Струга, за собирање ѓубре и проект за деца кои изработиле цртеж или слика инспирирана од градот.