Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

Што ги одбележа минатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. [Фото + видео] Протест против Иловица-Штука: Ќе се бориме до крај за да ја зачуваме природата за следните поколенија

Итно и неодложно одземање на споената концесија за рудникот Иловица-Штука. Разрешување на претседателите на Управен суд и на Виш управен суд. Одговорност од сите одговорни лица од Владата и од надлежните министерства што биле вклучени во процесот на спојување на концесиите. Државната комисија за спречување корупција да поведе постапка за испитување на делувањата и релациите помеѓу сите вклучени одговорни лица.

Ова се четирите основни барања кои еколошките здруженија „Здрава Котлина“ од Струмица и Еко Долина од „Ново Село“ ги порачаа преку протест во Струмица, каде добија поддршка од многубројни граѓани, активисти, иницијативи и организации од цела Македонија, укажувајќи дека ќе се борат до крај за да ја зачуваат струмичката котлина и природата за следните поколенија.

Граѓаните под жешкото јулско сонце ја блокираа раскрсницата во центарот на Струмица. Со себе носеа транспаренти, свирчиња, а дел правеа бучава и со разни предмети што ги донесоа од домовите. Постојано во бранови се извикуваше „Стоп за рудници“.

[Фото + видео] Протест против Иловица-Штука: Ќе се бориме до крај за да ја зачуваме природата за следните поколенија

2. На С. Македонија ќе ѝ требаат 57 години за да достигне целосна родова еднаквост, последно истражување покажува бавен напредок

Индексот на родова еднаквост во Северна Македонија во 2022 година изнесува 64,5 од максимални 100 поени и забележува прогрес од 2,5 поени споредено со последното мерење во 2019 година, покажа новата публикација објавена на Државниот завод за статистика.

Заклучокот во истражувањето е дека во споредба со просекот на ЕУ, темпото на прогресот на С. Македонија се смета за бавно и недоволно за постигнување на родова еднаквост на ниво на ЕУ.

На С. Македонија ќе ѝ требаат 57 години за да достигне целосна родова еднаквост, последно истражување покажува бавен напредок

3. [Инфографик] Колку чинат леглата во студентските домови

Радио МОФ подготви инфографик со бројот на достапни легла, цените за сместување и видот на соби во студентските домови, со цел студентите да добијат појасен преглед што нудат студентските домови низ земјава.

[Инфографик] Колку чинат леглата во студентските домови

4. Пуштена во оптег македонска платформа за зелени бизниси „Yes for Less“

Дигиталната платформа на Yes for less, (yesforless.mk) која на едно место содржи одбрани македонски бизниси кои нудат еко-производи, услуги и искуства,  а информира и за сите места за селектирање и рециклирање на секаков видов на отпад, од вчера е пуштена во оптег.

Идејата за ваква платформа е на Катерина Илијовска и Сара Коцевска од Yes for less, за која тие во 2022 година беа наградени на натпреварот за социјално претприемништво RISE Journey организиран од здружението за социјални иновации „АРНО“.

Пуштена во оптег македонска платформа за зелени бизниси „Yes for Less“

5. #НизТвојотОбјектив – Улична фотографија од Александар Василевски

Во нашата фото-рубрика #НизТвојотОбјектив ви претставуваме улична фотографија низ објективот на Александар Василевски ака MCVX. Василевски кој доаѓа од Битола за себе вели дека активно се занимава со фотографија веќе три ипол години, а омилени правци за фотографско изразување му се уличната и воздушната фотографија.

#НизТвојотОбјектив – Улична фотографија од Александар Василевски