#НизТвојотОбјектив – Улична фотографија од Александар Василевски

Денес во нашата фото-рубрика ви претставуваме улична фотографија низ објективот на Александар Василевски ака MCVX. Василевски кој доаѓа од Битола за себе вели дека активно се занимава со фотографија веќе три ипол години, а омилени правци за фотографско изразување му се уличната и воздушната фотографија.

   
 

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење