Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. [Фото + видео] Лисичани на протест против бетонизација: Нема да бидеме затвореници во своите домови

Кај крстот на раскрсницата меѓу булеварите „12. Македонска бригада“ и „Србија“ во општина Аеродром, попладнево жители на Лисиче излегоа на протест против бетонизација на оваа скопска населба.

Граѓаните симболично се собраа пред локацијата каде стравуваат дека ќе никне 12-катница, една од повеќето згради предвидени со Деталниот урбанистички план ЈИ09. Оттука, тие со транспаренти „Стоп за урбаната мафија“, „НЕ за згради во Лисиче“, „Ќе дишеме отров?“, но и со свирежи и балони испишани со „Го сакам моето Лисиче“ изразија револт против ваквото урбанизирање, потенцирајќи дека тоа ќе ги направи затвореници во нивните домови.

[Фото + видео] Лисичани на протест против бетонизација: Нема да бидеме затвореници во своите домови

2. [Интервју] Берин Мухамед: Финансиско образование, бесплатен превоз и дигитални учебници за средношколците

Новоизбраниот претседател на Сојузот на средношколци, Берин Мухамед, во интервју со Радио МОФ зборува за неговите заложби и планови, посочувајќи дека се потребни промени со наставната програма, материјалите за учење, превозот, но и поефективно сузбивање на училишниот булинг.

[Интервју] Берин Мухамед: Финансиско образование, бесплатен превоз и дигитални учебници за средношколците

3. Наградени најдобрите дипломци од УКИМ

Вчера во аулата на Ректоратот на УКИМ беа доделени наградите на најдобро дипломираните студенти за учебната 2021/2022 година, кои покажаа високи достигнувања и резултати при студирањето.

Наградени најдобрите дипломци од УКИМ