„Северен Пол“ на Апчевска со награда за најдобар интернационален краток филм на Фестивалот во Богота

Филмот „Северен пол“ на Марија Апчевска-Петровска ја доби наградата „Санта Луциа“ за најдобар интернационален краток филм на Фестивалот во Богота.

Ова е нов успех на филмот во продукција на „Кино Oко“ по освојувањето на „Големата наградана фестивалот во Билбао, квалификувањето за Оскар, номинацијата за Европските филмски награди и освојувањето на наградата „Златна колицаза најдобар краток филм на „Загреб Филм Фестивал“.

Од продукцијата велат дека следува прикажувањето на филмот на фестивали во Пекинг, Лондон, Трондхајм и Лес Аркс.

Главните улоги во „Северен пол“ ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Биљана Гргур, дизајн на шминка Горан Игњатовски, монтажер Драган Вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуча, кастинг Кирија А. Николоска. Продуцент  е Роберт Насков, а копродуценти Милош Љубомировиќ од Сервиа Филм и Миодраг Поповиќ од Форгрејд од Србија и Петер Шекереш од Тиволи Продукција од Унгарија.

Филмот е финансиски е подржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и Српскиот филмски центар.