Савче Ѓошева е новата правобранителка на УКИМ

Савче Ѓошева, студентка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ е новоизбраната студентска правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, информираше денес Универзитетското студентско собрание (УСС УКИМ).

„Позицијата студентски правобранител постои да ве заштити вас и вашите права при нивно прекршување!
Доколку се случи во текот на студиите тие да се прекршат, без размислување поднесете претставка до: studentski.pravobranitel.ukim@gmail.com“, напишаа оттаму во објавата на Инстаграм профилот на УСС УКИМ.