Руската црква ги нарече грешници луѓето кои не сакаат да се вакцинираат против Ковид-19

Луѓето кои одбиваат да се вакцинираат, руската православна црква ги нарече грешници, осудени на искупување до крајот на животот, пренесува „Н1“. Истовремено, црквата ги повика верниците да се вакцинираат.

Митрополитот Иларион од Московската патријаршија изјави дека луѓето кои одбиваат вакцинирање прават грев.

Секој ден гледам луѓе кои ги посетуваат свештениците за да им признаат дека одбиле да бидат вакцинирани, со што, несвесно предизвикуваат нечија смрт. Грев е да се размислува само за себе, а не и за другите, порача Иларион.

Од почетокот на епидемијата, во Русија со Ковид-19 се заразени повеќе од 5.6 милиони луѓе, додека од вирусот починале речиси 139.000 луѓе.