Русија им забрани употреба на странски зборови на вработените во државни институции

На Русите кои работат во државните институции на земјата, ќе им биде забрането да користат странски зборови, како англицизми или неологизми при формалната употреба на рускиот јазик, пренесува „Ројтерс“.

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша изменетиот закон на почетокот на неделава.

Од почетокот на инвазијата во Украина, пред една година, Путин изјави дека сака да ја заштити Русија од, како што вели, дегенеративниот Запад, за кој тврди дека сака да ја уништи земјата.

Амандманите во законот од 2005, се создадени да го заштитуваат и поддржуваат рускиот јазик, се вели во соопштение објавено на веб-страната на руската Влада.

„При користење на руски јазик како државен јазик на Руската Федерација, не е дозволено да се користат зборови и експресии кои не кореспондираат со нормита на модерниот руски јазик, со исклучок на странските зборови кои немаат широко распространети руски еквиваленти“, се вели во соопштението.

Најавено е и објавување на листа на странски зборови кои ќе бидат изземени од новата практика. Во амандманите не се споменува никаква казна за оние кои нема да го почитуваат обновениот закон.