Градоначалникот на Москва со лотарија ги повикува граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјањин вчера објави дека ќе воведе лотарија со главна награда автомобил, со цел да ги охрабри скептиците да се вакцинираат против коронавирусот во Русија, која се соочува со нов растечки бран на инфекции, пренесува босански „Н1“.

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирусот, Собјањин во саботатата објави дека деновите од 15 до 19 јуни ќе бидат неработни, односно дека до 20 јуни сите барови, ресторани и остнатати места ќе затвораат најкасно во 23 часот.

Истовремено, се наведува дека секоја недела ќе бидат доделени по пет автомобили во вредност од еден милион рубљи, односно 11.500 евра.

„Сепак, се разбира, главната цел на лицето кое ќе одлучи да се вакцинира е неспоредливо со било каков автомобил“, рече Собјањин, додавајќи дека „главната цел е нивното сопствено здравје и духовна рамнотежа“.

Во Русија вчера беа потврдени 14.723 нови случаи на Ковид-19, од кои 7.704 во Москва, главниот град кое е најголемото жариште на пандемијата во земјата.

Кампањата за вакцинација започна во декември, но напредува бавно поради недовербата на јавноста кон вакцинацијата.

Заклучно со декември, само 18 милиони лица примиле прва доза од вакцина против Ковид-19, односно околу 12 отсто од населението.