Ресторан во Канада заработи висока казна поради расно профилирање

Канадскиот трибунал за човекови права пресуди дека ресторан дискриминирал црни клиенти со тоа што барал да си го платат оброкот пред да им биде донесен. Кинескиот ресторан Хонг Шинг, во кинескиот кварт во Торонто, е казнет со 10.000 канадски долари.

Парите ќе одат на сметката на поранешниот гостин Емил Викман, кој поднесе жалба до Трибуналот за човекови права во Онтарио.

Викман го прославувал својот роденден со тројца свои пријатели – црнци во 2014 година, кога се случил инцидентот.

Тој појаснил за Трибуналот дека кога заедно со неговите пријатели седнале во ресторанот, тие биле единствените црнци. Нивниот келнер им кажа дека “политика” на ресторанот е да се плати пред да бидат донесени нарачките, вели тој.

Групата си платила, но Викман се почувствувал непријатно и почнал да ги прашува другите гости дали биле замолени да платат однапред. Тој излавил за Трибуналот дека ним не им биле побарани пари.

Тој се пожалил на келнерот, му било понудено да ми се вратат парите и си заминал. Кратко време по инцидентот, поднесол жалба до Трибуналот за човекови права.

Во својот одговор на тужбата, од ресторанот посочиле дека спровеле нова политика со која бараат од гостите што не им се редовни, да си платат за да не се случува луѓето да јадат и да избегаат.

Но, судијката Ези Коџое утврдил дека нема докази дека постоеле редовни гости или дека тоа било навистина официјална политика на локалот.

Во нејзината одлука, судијката пишува дека Викман бил третиран како „крадец во најава“ поради неговата раса.

„Само неговото присуство како црн човек во ресторан се претпоставува дека е доволен доказ за неговата претпоставена склоност да се вклучи во криминално однесување”, напиша таа.

Нејзината пресуда доаѓа во време кога третманот на гостите со црна боја на кожа, од страна на угостителската индустрија носи меѓународно споделувани наслови во медиумите.

Протест беше одржан во понеделникот во седиштето на Вафл Наус“, во Атланта, Џорџија, каде што полицијата уапси црна жена која одби да плати за пластичен прибор за јадење. Видеото за нејзиното насилно апсење стана вирално споделувано по социјалните мрежи.

Претходно овој месец масовни протести беа спроведени низ целата земја откако полицијата уапси двајца црни мажи во „Старбакс” додека чекаа свој пријател во кафетеријата во Филаделфија.