Регистрирани 37 нови случаи на Ковид-19, од кои 13 се од Тетово

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се регистрирани 37 нови случаи на Ковид-19 и тоа 13 во Тетово, 12 во Скопје, три во Велес, по два во Прилеп, Гостивар и Струмица, а по еден нов случај е пријавен во Охрид, Свети Николе и Делчево.

Оттаму дополнуваат дека се регистрирани 10 оздравени пациенти, а не се пријавени починати пациенти.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.054, бројката на оздравени пациенти е 150.273, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 292“, велат од МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 949.011 тестирања на Ковид-19, а во последните 24 часа се направени 4.264 тестирања.