21 новозаразени и едно починато лице од КОВИД-19 во последното деноноќие

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа е регистриран 21 нов случај на КОВИД-19 и тоа шест во Кичево, по четири во Скопје и Тетово, два во Прилеп, а по еден нов случај е регистриран во Битола, Велес, Дебар, Куманово и Охрид.

Истовремено, од министерството велат дека во последното деноноќие е пријавено едно починато лице од Куманово, на возраст од 72 години. Лицето починало во болнички услови.

Регистрирани се седум оздравени пациенти.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.528, бројката на оздравени пациенти е 149.619, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 438“, се вели во соопштението од МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 831.031 тестирања на КОВИД-19, а во последните 24 часа се направени 4.370 тестирања.