459 новозаразени и 21 починато лице од Ковид-19 во последното деноноќие

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа регистрирани се 459 нови случаи на Ковид-19, и тоа 235 во Скопје, 30 во Штип, 26 во Тетово, по 19 во Куманово и Струмица, 13 во Дебар, по 12 во Охрид, Кичево и Гостивар, по 10 во Велес и Свети Николе, девет во Битола и Прилеп, по седум во Крива Паланка и Струга,  пет во Радовиш, по четири во Кавадарци и Кочани, три во Богданци, по два во Виница, Гевгелија, Кратово и Ресен,  а по еден новозаразен случај има во Берово, Делчево, Македонски Брод, Неготино и Пехчево.

Оттаму соопштуваат дека се пријавени 21 починато лице, 6 починати лица од Скопје (94г, 77г, 75г, 75г, 73г, 65г,), по 3 починати лица од Тетово (81г, 66г, 64г), Гостивар (84г, 67г, 59г) и Струмица (67г, 58г, 49г) , 2 починати лица од Кичево (67г, 67г) и по едно починато лице од Куманово (63г), Прилеп (69г), Битола (81г) и Неготино (69г). Пријавените починати лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 368 оздравени пациенти.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.045, бројката на оздравени пациенти е 158.809, на починати е 6.065, а бројот на активни случаи изнесува 15.171“, велат од МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 1.188.356 тестирања на Ковид-19, а во последните 24 часа се направени 5.416 тестирања.