R2D2 подвижен фрижидер со далечинско управување

Откако во Јапонија неодамна полета првиот Star Wars тематски авион, на пазарот се појави уште еден промотивен производ за Star Wars: The Force Awakens.

Станува збор за подвижен фрижидер со далечински управувач кој изгледа како дроидот од филмскиот серијал, R2D2.

Пред неколку месеци сајтот Mashable ја најави продажбата на фрижидерот, а неодамна беше објавен и посебен трејлер за производот.


Фрижидерот е партнерски производ меѓу јапонскиот производител Aqua (огранок на Haier) и Disney, а доставата до купувачите ќе започне во декември. Моментално, уредот може да се нарача за 8300 долари.

Извор: zap2it