Промоција на збирка поезија на Лилјана Пецова -Илиеска

Вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на првата збирка поезија на Лилјана Пецова -Илиеска, насловена како „Јужен глас“. Промоцијата ќе се одржи во кафе-барот Винил, со почеток во 19 часот.

Збирката е резултат на долготраен и заеднички процес на авторот на песните и авторот на графичките илустрации, Вангел Срнаков. Двајцата уметници твореа преку меѓусебни инспирации на поетски слики и уметнички експресии. Збирката е е одраз на уверувањата дека: Зборот е слика и Сликата е збор!

„Поетиката на Лилјана Пецова -Илиеска е блиска до митот за раѓањето на љубовта во кој мажот и жената биле споени во целост. Тогаш Зевс решил да ги раздвои и раздели на две, на Јас и Ти, токму како што се издвоени во нејзината поезија, а слеани во Едно,“пишува академик Георги Старделов/

Промоторите на настанот се Горан Павловски и Катерина Гогова.