Промоција на прирачник и панел-дискусија „Употреба на дебатата во високото образование“

Прирачник за дебата во високото образование и панел-дискусија на тема „Употреба на дебатата во високото образование“ ќе се одржат утре (26 март, вторник) во салата на Научно-наставниот совет на Правниот факултет „Јусинијан Први“ со почеток во 12 часот.

„На тркалезната маса е предвидено како воведничари да се обратат професори, асистенти и студенти од Универзитетот, а потоа да се отвори дискусија во која ќе имате можност да се вклучите и Вие преку Вашите прашања и ставови за важноста на дебатата во процесот на образование“, се вели во најавата.

Според агендата, промоцијата ќе се случува од 12:30 до 13 часот, а дискусијата е предвидено да започне после тоа.

Прирачникот е изработен во рамки на програмата за академска дебата која Младинкиот образовен форум (МОФ) ја реализира во рамки на проектот „Практикувај демократија“ имплементиран од Фондацијата за Демократија на Вестминстер.

Во рамки на програмата организирана во летниот семестар 2023/2024 година, МОФ отвори три студентски дебатни клубови на Правниот факултет „Јустинијан Први“, на Филозофскиот факултет и на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Клубовите го следат Британскиот Парламентарен дебатен формат кој претставува формат на студентска дебата и за чија реализација се подготви и прирачникот за Британскиот Парламентарен формат за студентска дебата. Целта на прирачникот е да помогне на студентите не само да научат за форматот, туку и како критички да размислуваат и аргументирано да се изразуваат.

Дора Смилевска: Студентскиот дебатен клуб те учи да размислуваш „надвор од кутијата“