Проекција на „Господата од современа“ вечер во „Котур“

Во кафе-филм „Котур“ вечерва во 20 часот ќе се одржи проекција на краткиот филм во режија на Ана Алексовска, „Господата од современа“.

По филмот е најавен и разговор со авторите.

„Една дружина постари дами и господа секојдневно ужива во културните настани во Скопје, изложби, концерти, поетски читања и промоции каде што се служи бесплатна храна и по некоја чаша вино. Овие луѓе редовно комуницираат меѓусебно и заедно прават распоред за настаните во престојниот ден. Кога општествениот прекор се претвора во закана за нивната забава тие сфаќаат дека она што го прават им значи повеќе од што си мислеле“, се вели во најавата.

Инаку, филмо е по сценарио на Ана Алексовска и Анжелика Апсис, а на втората е и оригиналната идеја за „Господата од современа“.

Сниматели се Владимир Димоски, Самир Љума, Ѓорѓи Клинчаров, Бранко Аврамовски, а монтажери Владимир Димоски, Богољуб Милованоски и Михаил Димитров.

Дизајнер на звук е Сашко Потер Мицевски.