Проекција на документарецот „Блескаво зелени лаги“ во „Дуња“

Во вторник (31 август) во дворот на Социјалниот центар „Дуња“ ќе се одржи проекција на документарецот „Блескаво зелени лаги“, по што ќе следува дискусија за филмот.

Организаторите посочуваат дека во документарецотавторите „се разобличуваат лагите и фантазиите на таканаречениот „блескаво зелен екологизам“ дека сончевата, ветерната, хидроенергијата и енергијата од биомаса, како и таканаречениот зелен консумеризам се доволни за да не’ спасат и да го спасат преостанатиот жив свет на планетата од застрашувачките климатски промени“.

„Климатската криза не е само сериозен, туку и ургентен проблем. Ако не се преземат итни и радикални мерки, последиците од кризата ќе бидат катастрофални не само по природата, сфатена како нешто изолирано од човечката цивилизација, туку ќе ги загрози животниот стандард и животите на стотици милиони луѓе, особено оние што се посиромашни. Оние што сакаат да ја спасат планетата, но не по цена да го загрозат постоењето на сегашниот економски систем и консумеристичкиот начин на живот, тврдат дека решението на климатската криза е релативно лесно и едноставно: ќе се замени фосилната енергија со обновлива и… толку. Треба да мрднеме со малиот прст и… толку. Капитализмот можно е да остане нечепнат“, велат од СЦ „Дуња“.

Организаторите најавуваат дека настанот ќе се одвива со почитување на сите здравствени мерки против Ковид-19. За учество на настанот задолжително треба да приложите вакцинален сертификат.

Повеќе информации на следниот ЛИНК.