Приземјени 171 патнички авиони на Боинг по инцидентот на „Алјаска ерлајнс“

Федералната воздухопловна администрација на САД (ФАА) нареди приземјување на 171 патнички авиони „Боинг 737 Макс 9“ низ целиот свет по инцидентот за време на лет на еден од авионите на „Алјаска ерлајнс“, пренесува Би-Би-Си.

Потребните проверки на авионите, како што се наведува, ќе траат од 4 до 8 часа по авион.

Ова доаѓа по инцидентот кој се случи пред два дена на летот на „Алјаска ерлајнс“ кој мораше принудно да слета кратко по полетувањето од американската сојузна држава Орегон, откако во лет од авионот се откачи прозорец и дел од патничката кабина.

Илјадници патници се соочуваат со откажување на летовите откако големите американски авиокомпании ги приземјија авионите „Боинг 737 Макс 9“.