Привремен сообраќаен режим претстојниов викенд на Водно

Градот Скопје известува дека на дел од улицата „Тодор Александров“ и патот кој води до Средно Водно, овој викенд (09 и 10 јуни 2018) ќе се одржи брзинско – ридски натпревар во автомобилизам „Награда на Скопје Водно 2018“.

За таа цел, дел од улицата „Тодор Александров“, на потегот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија и патот до Средно Водно ќе бидат затворени за сообраќај во следниве термини:

– 09 јуни – 08 до 16 часот;
– 10 јуни – 08 до 15:30 часот;

„Исто така, возилата на автобуските линии кои го поврзуваат градот Скопје и Средно Водно, 25, 25А и 25Б нема да сообраќаат, освен автобуската линија 25 со редовен возен ред по 16 часот во сабота, односно 15:30 часот во недела“, велат од Град Скопје.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја приспособат на условите на патот.