Прилеп НаТочак слави 5 години педалање – утре ќе се вози 60-та Критична маса

Утре во Прилеп ќе се вози 60-та Критична маса. Со почеток во 19 часот се тргнува од Плоштад Александар Македонски.

Прилепските точакољупците одбележуваат 5 години од првото педалање низ градските улици. По возењето, ќе има и мала забава. За музичкиот дел ќе се погрижат Jazzclub Takefive, со The Hounds и Cyrillic.