Презентација на тема Google Summer of Code денеска на ФИНКИ

Слободен софтвер Македонија и хаклабот КИКА денеска во 14:00 часот во амфитеатарот на ФИНКИ ќе одржат предавање и презентација на тема Google Summer of Code.

Програмата Google Summer of Code е создадена со цел да го поттикне учеството на студентите во развојот на слободен софтвер. Во текот на програмата, која трае три месеци, избраните студенти ќе имаат можност да работат преку Интернет на развој на некој од големите светски проекти базирани на слободен софтвер. Притоа студентите ќе добијат стипендија од 5 000 американски долари. Изминативе години во Google Summer of Code учествувале студенти и ментори од повеќе од 100 земји, а досега учествувале и повеќе од 10 студенти од техничките факултети од Македонија, велат организаторите на презентацијата.