Премиера на претставата „Ромео и Јулија“ во Домот на културата во Кавадарци

Во четврток, на 20 септември 2018, со почеток од 19.30 часот, Театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе има премиера на претставата „Ромео и Јулија“ од Вилијам Шекспир.

Претставата е адаптирана и ја режира Микица Илова, а е наменета главно за младата публика. Првата реприза е веќе во понеделник, на 24 септември 2018.

Ова е втора премиера на кавадаречкиот Театар оваа година. Моментално на репертоарот е и претставата „Пасивно пушење“ од авторот Небојша Ромчевиќ, во режија на Јордан Витанов .

Од Домот на културата во Кавадарци најавуваат и дека годинава кавадаречките актери ќе ја заокружат со уште две премиери, една за возрасни и една за деца. Од институцијата велат дека  за нив ова е голем успех за еден театар кој „по дефиниција го носи предзнакот аматерски, но кој со професионално однесување влегува во секоја подготвена претстава“.